
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски се врати на голот на Рајо Валјекано и во првиот настап по пауза од еден месец блескаше на дуелот против против Севилја. Тој беше најзаслужен што неговиот тим ја прекина негативната серија и успеа да остане непоразен (1-1) против фаворитот.
Тренер на гостите Хулен Лопетеги се жалеше на судиите по завршувањето на мечот, но одговорот го доби токму од Димитриевски.
„Сите се жалат на судење и сите тоа го прават за да се обидат да добијат нешто наредната недела. Судиите работат работа која е многу тешка и треба да ги оставиме да ја работат. Не мора да се „плаче“ на секоја одлука. Ако сите почнат да се жалат, тогаш Ла Лига ќе стане пазар. Играме во најдобрата лига на светот, а судиите мора да се подобруваат, исто како и сите ние. Секогаш сакам да бидам на ниво за да можам да му помогнам на тимот да ги освои бодовите. Среќен сум што напредувам и што му помогнав на тимот да го освои овој бод. По толку порази, бодот е добар за да ни се врати самодовербата. Сакавме да победиме, па може да се каже дека бодот сепак има и горчлив вкус“, изјави Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јамал повторно е повреден, ќе паузира три недели

Прва лига
„Лавовите“ убедливи против Арсими

Евро-фудбал
Серџо Консеисао ќе биде нов тренер на Ал-Итихад

Млади репрезентации
Македонија У-18 минимално поразена од Словачка
