Фудбалската репрезентација на Македонија сака да ја задржи лидерската позиција место во нашата група и после двата меча во октомври, гостувањето кај главниот фаворит во групата, Белгија, но и победа против Казахстан на домашен терен.
„Имаме двајца повратници, Стефан Ашковски и Давид Бабунски, а, за жал, поради повреда ќе отсуствува Лирим Ќамили. Што се однесува до предизвикот, сите битки се главни, и досега одигравме пет главни битки, па така ќе биде и на останатите три натпревари. Белгија сè уште е главен фаворит во нашата група, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Никој не може да ни ја одземе надежта да се надеваме на пласман на Светско првенство. Ние ќе се подготвуваме како и досега, максимално сериозно и ќе сториме сè за да оствариме успех. Главна цел ни е да покажеме дека Македонија може да биде конкурентна и против реално поквалитетни селекции. Имаме ние во генот наш македонски некој икс-фактор што не знаеме кога ќе проработи“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













