Македонската фудбалска репрезентација до 18 години минимално, со 1-0, загуби од врсниците на Словачка на вториот контролен натпревар одигран во Дунајска Стреда. Погодокот за победа на домаќините го постигна Давид Полтај во 57. минута. Нашите млади фудбалери во 88. минута не искористија стопроцентна шанса за израмнување преку Сејменов, а во дополнителните минути, не беше досуден очигледен пенал за Македонија.
Во првото полувреме не успевме да најдеме решение за дефанзивниот блок на противникот. Создадовме две полуприлики, но ударите на Буцевски во 42. и 44. минута не беа прецизни. По водечкиот гол на Словачка во вториот дел, се обидовме преку Ѓорѓиев и Марковски, но без реализација. Најубавата шанса за израмнување ја пропушти Сејменов на две минути пред крајот кога излезе сам пред домашниот голман, но не успеа да постигне гол за позитивен резултат.
На првиот меч одигран меѓу двете селекции, резултатот беше 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













