Англискиот шампион Ливерпул испрати понуда за продолжување на соработката со францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, објави „Л’Екип“.
Разговорите за нова соработка започнаа уште пред помалку од една година, но понудата на клубот неколкупати се менуваше. Последната верзија била презентирана на агентите на играчот пред околу две недели.
Интерес за Конате покажува и Реал Мадрид, кој внимателно ја следи ситуацијата, со оглед дека францускиот репрезентативец веќе неколкупати е поврзуван со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Конате оваа сезона (2025/26) настапи на девет натпревари за Ливерпул. Неговиот договор има важност до 30 јуни 2026 година, а неговата вредност се проценуца на 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













