Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) издаде итно соопштение пред натпреварот Србија – Албанија, соопштувајќи дека влезници нема да бидат пуштени во продажба поради безбедносни причини.
Српската репрезентација ќе ја пречека Албанија на 11 октомври во квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
ФСС посочи дека одлуката е донесена поради претпазливост, со цел да се избегне сценарио слично на натпреварот од 2014 година кога дуелот беше прекинат и тимот на Србија остана без пласман на големо натпреварување.
Присуството на трибините ќе биде овозможено само преку дистрибуција на влезници кон фудбалската заедница: регионалните сојузи, клубови, ученици од фудбалски школи и нивните родители, стручни и професионални фудбалски организации, официјални спонзори и гости на ФСС, акредитирани медиумски претставници, како и медицински и други тимови потребни за организацијата на натпреварот.
Влез на стадионот ќе биде дозволен само со строго персонализирани влезници и проверка на личен документ (лична карта или пасош), како и со строги безбедносни контроли на влезовите, согласно највисоките стандарди за безбедност.
ФСС потсетува дека натпреварот меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година во Белград беше прекинат, што имаше сериозни последици за репрезентацијата, вклучувајќи го и губењето на пласманот на Европското првенство 2016 во Франција.
Затоа, ФСС, заедно со УЕФА, ФИФА и сите надлежни институции, презема сите неопходни мерки за да се обезбеди максимална безбедност и редовно одржување на натпреварот.
Дуелот меѓу Србија и Албанија е прогласен за натпревар со највисок безбедносен ризик од страна на сите надлежни институции – ФИФА, МВР на Република Србија и ФСС. Специјално за овој натпревар, ФИФА ќе испрати два офицери за безбедност во Лесковац, а на трибините нема да има гостински навивачи, согласно безбедносните насоки и за зачувување на редот и безбедноста на сите учесници.
ФСС апелира до сите учесници да се однесуваат фер и спортски, за репрезентацијата на Србија да има услови да постигне најдобар можен резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













