Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги откри причините зошто Џуд Белингам не се најде во последниот состав на „Трите лава“. Многумина очекуваа играчот за врска на Реал Мадрид да се врати веднаш по опоравувањето од операцијата на рамото, но тој остана надвор од тимот, заедно со имиња како Фил Фоден и Џек Грилиш.
Англија се подготвува за пријателски натпревар со Велс и квалификацискиот меч за СП против Летонија, а отсуството на Белингам предизвика најголемо внимание. Тухел објасни дека халфот сè уште не е во оптимален натпреварувачки ритам, иако веќе се појави во составот на „кралскиот клуб“.
„Разбирам зошто фокусот е врз Џуд – тој е специјален фудбалер. Но, решивме да го повикаме истиот состав од претходниот собир. Белингам сè уште нема одиграно целосен меч за Реал, му недостига ритам и целосна физичка подготвеност“, изјави Тухел.
Селекторот додаде дека разговарал лично со Белингам.
„Тој сакаше да биде повикан. Разговаравме по телефон и од негова страна немаше никаков проблем. Едноставно, уште не е подготвен 100%.“
Германецот ги отфрли и шпекулациите за тензии со други водечки играчи.
„Нема никакви проблеми помеѓу мене и Фил Фоден или Џек Грилиш. Џек е многу блиску до својата најдобра форма. Немаме лични конфликти. Разговорите беа отворени и јасни.“
Според Тухел, приоритет е зачувувањето на колективниот дух.
„Тимската работа и атмосферата беа на највисоко ниво на последниот собир. Затоа решивме да ја повикаме истата група. Играчите кои не се во составот можат да се вратат ако се докажат со добри настапи. Тоа е наједноставното и најправилно решение.“
Англија ќе игра против Велс на „Вембли“ во четврток, а на 14 октомври ќе гостува кај Летонија во квалификациите за СП 2026.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













