
Искусниот шпански фудбалер со бразилско потекло, Диего Коста, е нов напаѓач на Атлетико Минеиро, со кого денеска потпиша договор на една и пол сезона, откако ги изврши лекарските прегледи. Тој ќе му се придружи на Хулк во нападот на Атлетико Минеиро.
Коста е без клуб повеќе од половина година, бидејќи на крајот на 2020 година го раскина договорот со Атлетико Мадрид, каде остави најдлабок белег за време на одисејата на Стариот континент.
Во текот на претходните седум месеци, многу клубови беа во контакт со него, последен во редот беше Болоња, но тој одлучи да се испроба во лигата од земјата каде што е роден.
Коста пристигна во Атлетико Мадрид како тинејџер, а по позајмиците во Брага, Селта, Албасете и ангажманот во Валјадолид, се здоби со целосна афирмација во сезоната 2012/2013 кога постигна 20 гола.
Следната година, тој ја освои Ла Лига, а потоа, по четири години во Челси, се врати во главниот град на Шпанија, каде играше до крајот на минатиот декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
