Connect with us

Дибала подготвен да остане во Рома до 2029 година

Рома се подготвува за својот втор натпревар од основната фаза на Лига Европа. По успехот против Ница на стартот, сега за „волчицата“ следува нов француски предизвик – Лил. „Џалоросите“ ќе ја бараат втората последовна победа во европските натпреварувања, со која значително ќе ги зголемат своите шанси за пласман во следната рунда.

Часови пред натпреварот на „Олимпико“, за „тифозите“ на Рома пристигнаа добри вести. Италијанските медиуми информираат дека големата ѕвезда на тимот од „вечниот град“, Пауло Дибала, е целосно отворен да остане во Рим и да потпише нов договор со клубот.
Договорот на Аргентинецот со Рома истекува идното лето, но информациите велат дека поранешниот фудбалер на Јувентус нема никаква намера да ја напушти италијанската престолнина и сака да остане и по завршувањето на сегашниот договор.

Се очекува на напаѓачот да му биде понуден долгорочен договор до летото 2029 година. Разговорите меѓу двете страни треба да започнат наскоро, но доколку Пауло Дибала навистина сака да остане кај „римјаните“ до крајот на својата кариера, ќе мора да ја намали својата плата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови