Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија се согласил за трансфер во Јувентус откако одговорил позитивно на последната понуда на италијаскиот клуб. Иако во опција беше и Барселона, сепак, каталонскиот гигант не бил доволно активен во преговорите.
И покрај тоа што „старата дама“ сакаше да потпише со Аргентинецот за 1 + 1 сезона поради локалните даночни олеснувања за странците, на крајот клубот ја задоволи желбата на играчот за едногодишен договор со плата од 7 милиони евра.
Ди Марија ќе му се приклучи на Јувентус како слободен играч откако неговиот договор со Пари Сен Жермен ќе истече на крајот на овој месец. За него беа заинтересирани и Бенфика и Барселона, но тимот од Лисабон веќе го привлече Давид Нерес, а Каталонците не презедоа конкретни активности за да го придобијат 34-годишниот фудбалер во својот состав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













