Connect with us

Ди Марија даде гол на првиот меч за Розарио, па заврши на носилки

Легендарниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија, по цели 18 години, повторно се врати во родната Аргентина и го одигра својот прв натпревар за клубот каде што ја започна кариерата, Розарио Централ. Во дебито, Ди Марија успеа да се запише во листата на стрелци, погодувајќи од пенал во 78. минута за водство од 1-0 против Годој Круз.

Сè одеше совршено, но пред самиот крај на мечот се случи непријатен момент. По еден груб старт, Ди Марија падна и остана да лежи на тревата, што предизвика тишина на трибините. Тој не беше во состојба да продолжи со играта и беше изнесен на носилки. Сега сите со нетрпение ги очекуваат резултатите од лекарските прегледи, кои ќе ја откријат сериозноста на повредата.

Ди Марија замина од Розарио во 2007 година кога се пресели во Бенфика за осум милиони евра. По речиси две децении, се врати од истиот клуб назад дома, откако во меѓувреме настапуваше за фудбалски великани како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, освојувајќи речиси сè што постои во фудбалскиот свет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови