Connect with us

Џерард и Бекам во „Куќата на славните“ на Премиер – лигата

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, 40-годишниот Стивен Џерард, и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, се најновите личности во „Куќата на славните“ на Премиер – лигата.


За време на 17 години, Џерард одигра 710 натпревари во првиот тим на Ливерпул, со девет трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Тој е седми поранешен фудбалер кој влезе во „Куќата на славните“, додека следува Дејвид Бекам.

Тој одигра 388 натпревари за Манчестер Јунајтед и беше еден од носителите на играта додека кормилото го имаше сер Алекс Фергусон.

Претходно беа примени Рој Кин, Ерик Кантона, Френк Лампард, Денис Бергкамп, Алан Ширер и Тиери Анри.

Џерард е првиот што е прифатен без освоена шампионска титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови