
Левиот бек на Милан, Тео Хернандез би можел да добие повик од Франција за Европското првенство следниот месец. 23-годишникот има двојно државјанство на Шпанија и Франција, но отсекогаш велеше дека сака да игра за тимот на Дидие Дешамп.
Тој се уште нема настап за ниту една сениорска репрезентација, но тоа би можело да се промени по одличната сезоната на стадионот “Сан Сиро” со осум голови и седум асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања.
Се верува дека селекторот Дешамп размислува за додавање на Хернандез во поширокиот состав за Евро 2020. Листата на повикани фудбалери е проширена од 23 на 26 играчи со оглед на пандемијата и потенцијалните повреди. Тео Хернандез се натпреварува со неговиот брат, играчот на Баерн Минхен, Лукас, како и Лукас Диње од Евертон. Фудбалерот на Милан би го заменил Ферланд Менди доколку тој биде изоставен поради повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
