Connect with us

Дешамп го тестирал Камавинга како лев бек на дуел против катарски тим

Светскиот првак Франција одигра контролен натпревар само еден ден по нивниот успешен старт на Светското првенство во Катар. Во вторникот вечерта „петлите“ ја совладаа Австралија со 4-1, а потоа во средата имаа проверка против катарскиот клуб Ал Мархиа.


На овој меч кој се играше зад затворени врати, играа оние фудбалери кои претходниот ден не беа стартери за „триколорите“. Французите победија со 4-0 со двата гола на Маркус Турам и по еден на Едуардо Камавинга и на Џордан Верету.

Интересно е тоа што селекторот Дидие Дешамп како лев бек го испробал Камавинга, пишува „Л’Екип“.

Фудбалерот на Реал Мадрид вообичаено игра централен играч за врска, но е еден од ретките играчи во репрезентацијата со силна лева нога, а Дешамп бара опција плус по сериозната повреда на Лукас Хернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови