Connect with us

Денковски: Брегалница сака три бода од дуелот со Македонија ЃП

Прволигашките возбудувања во Македонија се враќаат на сцена по двонеделната пауза поради репрезентативните активности. Чуварот на мрежата на Брегалница, Давид Денковски, заедно со Јован Манев беа дел од младата репрезентација која со победа од 1-2 против Ерменија се врати од Ереван. Но, сега максимално е концентриран на новите прволигашките предизвици во желбата за нови бодови на штипскиот тим. Утре Брегалница ја пречекува Македонија ЃП во десеттото коло од македонскиот шампионат.


„Задоволен сум од настапите во македонската репрезентација, па сега сакам формата да ја пренесам повторно и во дресот на мојот клуб. Не очекува сериозен предизвик против екипата на Македонија ЃП, но за нас секако единствена цел се трите бода. Очекувам и утре пред нашите навивачи да продолжиме со победите“, вели Денковски.

Брегалница во претходното коло во Штип славеше против Струга ТЛ со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови