
Осман Дембеле е поблиску од кога било до трансфер во Пари Сен Жермен, тврди RMC Sport. До 1 август францускиот репрезентативец може да биде доведен за 50 милиони евра и парижаните активно работат на реализација на зделката. Доколку нешто не тргне лошо во последен момент, крилниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.
Тренерот Чави и спортскиот директор Матеу Алемани имале разговор со Осман Дембеле и се обиделе да го убедат дека тој е клучна фигура во клупскиот проект. Фудбалерот му рекол на ПСЖ дека ќе им се придружи во Париз само доколку успеа да се договорат со Барселона.
Денеска е последен ден за овој трансфер, со оглед дека според клазулата во договорот, од утре веќе отштетата за Дембеле ќе биде зголемена на 100 милиони евра.
Минатата сезона Дембеле одигра 25 натпревари во Ла Лига и постигна пет гола. Доколку потпише за ПСЖ, Барселона ќе направи се за да го ангажира Бернардо Силва од Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal