Херојот за Арсенал во синоќешната победа од 3-0 над Реал Мадрид, Деклан Рајс, влезе во историјата на Лигата на шампионите. Тој стана првиот играч што постигнал два гола од директен слободен удар во еден натпревар од нокаут фазата на турнирот.
Во групната фаза вакво нешто претходно постигнале: Ривалдо (со Барселона против Милан, 2000 г.), Кристијано Роналдо (со Реал Мадрид против Цирих, 2009 г.), Нејмар (со ПСЖ против Црвена звезда, 2018 г.) и Хаким Зијеш (со Галатасарај против Манчестер Јунајтед, 2023 г.).
„Кај првиот гол, идејата ми беше да центрирам. Но кога ја видов ѕидот и позицијата на голманот, си помислив: ‘Зошто да не шутирам директно?’ Букајо Сака ме поддржа и ми рече да му се препуштам на инстинктот. На тренинзи сум пробувал вакви удари, но често ја погодував ѕидот или топката одеше над голот.
2 – Declan Rice is the first player to score two direct free kick goals in a knockout stage match in the UEFA Champions League. Precision. pic.twitter.com/loLhfmZ7sX
— OptaJoe (@OptaJoe) April 8, 2025
Кога за втор пат застанав зад топката за слободниот удар, веќе имав самодоверба и не размислував дали да шутирам. Секако дека сум возбуден и среќен, но мислам дека ќе поминат неколку години пред да сфатам колку специјална беше оваа вечер“, изјави Рајс.
Тој го прокоментира и настапот на Букајо Сака, кој се врати на теренот по подолга пауза поради повреда. Сака беше фаулиран за двата слободни удари од кои Рајс постигна голови.
„Неверојатно е колку брзо се опорави. Тој е прекрасно момче. Мора да бидеме подготвени за следната недела. ‘Бернабеу’ е посебно место, таму не е лесно да се игра“, истакна Рајс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед и Интер во трака за Адејеми
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













