
Новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски стартуваше со победа на клупата на „сините“. Во првиот подготвителен натпревар, а единствен пред заминувањето за Анталија, Брегалница денеска во Штип триумфираше против второлигашот Кит Го со убедливи, 3-0.
Првенец во дресот на „сините“ запиша Зоран Андонов кој овој зимски период пристигна токму од редовите на Кит Го, а останатите два гола беа дело на Марјан Алтипармаковски и на Мартин Стојанов.
Брегалница во Анталија заминуваат в недела, на 16. јануари, каде ќе бидат до 30. јануари, а за кој период предвидено е одигрување и на пет пријателски натпревари.
Од петте предвидени пријателски натпревари во Анталија, веќе се договорени противниците за три тест дуели. Првиот контролен натпревар ќе биде против рускиот Кубан Краснодар на 17. јануари. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.
По враќањето во Штип, генералката пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде на 6. февруари во Штип против бугарскиот второлигаш Септември Симитли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
