
Роберто Де Зерби е меѓу кандидатите за нов тренер на Јувентус, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Де Зерби во моментов е на чело на францускиот Олимпик Марсеј, но според изданието, не е исклучено по крајот на сезоната да се врати во татковината и да ја преземе клупата на гигантот од Торино.
За Тијаго Мота има многу критики по тешкиот домашен пораз од Аталанта со 0-4. Тимот игра многу нестабилно оваа сезона, веќе е елиминиран од Лигата на шампионите и од Купот на Италија. По поразот од Аталанта, тренерот и играчите беа исвиркани од публиката на стадионот „Алијанц“.
Навивачите на Јувентус сонуваат за враќање на Антонио Конте, кој со успех го водеше тимот во периодот 2011-2014, но тој во моментов е ангажиран со Наполи. Како можен наследник на Мота се споменува и името на Џанпјеро Гасперини, кој веќе многу години ја води Аталанта.
Роберто Де Зерби е тренер на Олимпик Марсеј од летото 2024, кога потпиша тригодишен договор со клубот. Доколку Јувентус сака да го ангажира, ќе мора да плати и обештетување на францускиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
