Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, наметнува нова идеја за формирање на лига која ќе ја замени Лигата на шампионите. Пред само неколку месеци УЕФА го одби ударот за проектот на Европската Суперлига, а верни следеници останаа само уште Барселона, Реал Мадрид и Јувентус. Сега Де Ларуентис најавува нова лига.
Првиот човек на Наполи вели дека се работи на проект вреден 10 милијарди евра.
„Лигата на шампионите и Лигата на Европа се застарени модело. Не носат доволно приходи за клубовите да го оправдаат учеството во тие натпреварувања. За да се биде конкурентен во овие натпреварувања, потребно е да се има многу добри фудбалери кои ќе играат на врвно ниво. Тоа значи дека мора многу да трошиме“, вели Де Лаурентис.
Тој има визија како треба да изгледа новото натпреварување.
„Треба да се намали бројот на мечеви, така што ќе се намали бројот на лиги во цела Европа. Треба да се креира европско натпреварување со демократски систем за влегување во него и ќе се базира на пласманот на тимот во националното првенство. Јас веќе имам проект кој може да донесе 10 милијарди евра, но потребна е желба и целосна независност“, додава Де Лаурентис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal