Пелистер се враќа во елитата и амбициозно го стартуваше летниот преоден рок. Лидерот од Втората лига Запад по промоцијата во прволигашка конкуренција веќе потпиша две нови засилувања. По Ѓорѓи Танушев, на битолскиот состав му се придружи и голманот Давод Талески.
Тој доаѓа во Битола од редовите на Брегалница, а претходно беше член и на Победа, Металург и на грчкиот тим Лариса. Талески беше во преговори со Шкупи, но на крајот одлучи да ја прифати понудата на Пелистер и пристигна „под Тумбе кафе“.
Нови договори во Пелистер добија и тренерот Зоран Штерјовски и спортскиот директор Пеце Коруновски, по што почнаа со реновирање на составот за прволигашка конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













