Connect with us

Давид Силва ќе паузира до крајот на годината

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Давид Силва ќе отсуствува до крајот на годината поради повреда на бутниот мускул. Во Ла Лига ќе има пауза по викендот на 12 и 13 ноември поради претстојното Светско првенство во Катар, а Давид Силва претходно ќе пропушти шест натпревари за клубот во сите натпреварувања.


Првенството ќе продолжи на 31 декември, а шпанскиот фудбалер ќе биде надвор од терените во следните три недели.

Силва се повреди на натпреварот против Валјадолид минатиот викенд, поради што беше заменет на полувремето.Тој остана во Сан Себастијан каде неделава ќе ја започне рехабилитацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови