Connect with us

Давид Ханцко наместо во Ал-Наср, заврши во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид официјално го претстави новото засилување во одбраната – словачкиот репрезентативец Давид Ханцко. Тој последните три сезони настапуваше за холандскиот Феенорд, а сега му се приклучува на шпанскиот гигант.

Играчот беше на чекор до трансфер во саудискиот Ал-Наср, но договорот неочекувано пропадна – Ханцко не доби дозвола ниту да влезе во хотелот, ниту да тренира со новите соиграчи. Атлетико веднаш ја искористи ваквата ситуација и експресно го ангажираше во своите редови.

По раскинувањето на договорот со Ал-Наср, самиот Ханцко стапил во контакт со Атлетико и јасно ја изразил желбата да настапува за клубот. По заминувањето на Аспиликуета, Реинилдо и Витсел, тимот остана со ограничен избор на централни дефанзивци, па ангажманот на Ханцко претставува значително засилување на таа позиција.

Атлетико го следеше Ханцко уште од минатата година, особено по неговите одлични настапи на Европското првенство и директниот дуел во Лигата на шампионите. Тој е дефанзивец со изразени квалитети и поливалентност – може да игра како централен и како лев бек. Ханцко беше една од двете главни алтернативи за Кути Ромеро, кој беше примарна цел летово. Другата опција беше Пјеро Инкапи, но високите финансиски барања на Баер Леверкузен го направија тој трансфер невозможен.

Со ова, Давид Ханцко стана шесто ново засилување за Атлетико Мадрид ова лето. Претходно клубот ги ангажираше Алекс Баена, Матео Руџери, Тијаго Алмада, Џони Кардосо и Марк Пубил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови