Connect with us

Давид Бабунски: Вардар е клуб со посебно значење во моето семејство

Давид Бабунски пристигна во Вардар како едно од најистакнатите летни засилувања во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот моментно е на врвот на табелата, без ниту еден пораз, и е во трка за титулата есенски шампион. Со доаѓањето во Вардар, Бабунски ја продолжи семејната традиција, бидејќи неговиот татко, Бобан Бабунски, во минатото беше значајна фигура во клубот.

„Навистина ми е драго што сум дел од Вардар, клуб кој има посебно значење за моето семејство и дрес што мојот татко го носеше. Вардар е најголемиот клуб во земјава и ме радува што повторно чекори кон местото што му припаѓа. Работата оди во добра насока, среќен сум што сум дел од тој процес и се трудам да дадам максимум и да придонесам со нешто вредно во ова што се создава“, изјави Бабунски.

Во последното коло од есенскиот дел на првенството, Вардар ќе се соочи со Македонија ЃП, а со триумф ќе ја обезбеди есенската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови