Англискиот премиерлигаш Тотенхем објави дека Даниел Леви се повлекува од функцијата извршен претседател по речиси 25 години поминати на таа позиција.
„Тотенхем Хотспур измина долг пат во последниот четврт век. Клубот настапуваше во европските натпреварувања во 18 од последните 20 сезони, станувајќи еден од најпрепознатливите фудбалски клубови во светот. Континуирано се инвестираше во академијата, во играчите и инфраструктурата, вклучувајќи го и новиот светски познат стадион и врвниот тренинг-центар. Клубот редовно играше на највисоко ниво и уживаше бројни успеси на теренот, меѓу кои и неодамнешната титула во Лига Европа.
Како дел од планот за наследство, клубот неодамна направи неколку значајни именувања. Винаи Венкатешам е назначен за извршен директор (CEO), Томас Франк е нов тренер на машкиот тим, а Мартин Хо ќе ја води женската екипа. Питер Чарингтон се приклучи во управата и ќе ја преземе функцијата неизвршен претседател.
Сето ова е дел од амбицијата на клубот да обезбеди долгорочен спортски успех“, се наведува во соопштението.
Даниел Леви изјави:
„Извонредно сум горд на работата што ја остварив заедно со извршниот тим и сите вработени. Го изградивме овој клуб во глобален гигант кој се натпреварува на највисоко ниво. Освен тоа, изградивме заедница. Имав среќа да соработувам со некои од најголемите личности во овој спорт, од тимот во Lilywhite House и Hotspur Way, до сите играчи и тренери низ годините.
Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои ме поддржуваа низ годините. Не беше секогаш лесно, но остваривме значителен напредок. Ќе продолжам со иста страст да го поддржувам овој клуб.“
Неизвршниот претседател Питер Чарингтон додаде:
„Голема чест е да станам неизвршен претседател на овој извонреден клуб и, во име на управата, сакам да му се заблагодарам на Даниел и неговото семејство за нивната посветеност и лојалност во текот на сите овие години.
Ова е нова ера во водењето на клубот, и на теренот и надвор од него. Свесен сум дека имаше многу промени во последните месеци, но поставивме нови темели за иднината. Сега сме целосно фокусирани на стабилност и на оснажување на нашите талентирани луѓе во клубот, предводени од Винаи и неговиот извршен тим.“
На крајот беше нагласено дека нема промени во сопственичката и акционерската структура на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













