
МАКФУДБАЛ во Палермо,
Кога си далеку од дома, некако веднаш ти се буди патриотското чувство. Олеснителна околност на ваквите фудбалски гостувања е што никогаш не ти недостига македонска песна.
„Еден бакнеж и магија се стори“, рефренот синоќа ечеше низ Палермо и сите си го потпевнуваа уште долго во ноќта. Денеска малку поинаку оди композицијата…
„Еден гол – и магија да се стори!“
Македонија вечерва ќе го предизвика европскиот првак Италија во баражот за пласман на Светското првенство. Ќе биде ѓаволски тешко да се победат „аѕурите“, но не и невозможно.
Фудбалот често знае да приреди магија. Селекторот Благоја Милевски најави дека ќе побара од фудбалерите само да уживаат во пресметката со италијанските ѕвезди.
„Се случуваат чуда во фудбалот, јас сум жив пример за тоа“, објасни Езгјан Алиоски.
И нема веќе многу време за филозифии и текстови. За три часа почнува натпреварот и сите ние Македонци ќе си потпевнуваме – „Дајте гол – и магија да се стори!“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
