
Чешкиот милијардер Павел Тикач објави дека го купува фудбалскиот клуб Славија Прага.
Чешкиот бизнисмен го купува клубот од Прага од кинеската инвестициска групација „CITIC“, која е мнозински сопственик на Славија од 2015 година, објави Ројтерс.
„Кога се појави можност да се приклучам на Славија, не се двоумев. Се надевам дека моите деца еден ден ќе продолжат со мојата работа. За мене Славија е симбол на храброста, трудољубивоста и истрајноста и овие квалитети секогаш ги почитувам. Затоа повеќе е обврска отколку инвестиција“, вели Тикач во изјава за чешките медиуми.
Славија Прага е второпласирана на табелата во првенството на Чешка и заостанува пет бода зад градскиот ривал Спарта Прага.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal