Челси е најновиот клуб кој се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо. „Сините“ влегуваат во трка со Манчестер Јунајтед и со Баерн Минхен за привлекување на Уругваецот, тврди „Мундо Депортиво“.
Клубот од „Стемфорд Бриџ“ дури се обидува да ги надмине своите ривали и веќе стапил во контакт со агентите на Араухо за да разговараат за условите под кои тој би се преселил во Лондон. Првичните разговори биле позитивни.
25-годишниот фудбалер сака да остане во Барселона, но во оваа фаза не може да се договори со челниците на клубот за продолжување на договорот. Покрај тоа, Каталонците размислуваат да се разделат со него со надеж дека ќе земат сума од околу 100 милиони со која ќе го стабилизираат својот буџет.
Челси му понуди на Араухо многу подобри услови од оние кои моментно ги има во Барселона. Дополнително, лондончани не бегаат од трошење големи суми за нови играчи, па не е ни чудо што се подготвени да ја платат цената што ја бараат Каталонците за дефанзивецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













