Челси веќе инвестираше речиси 200 милиони евра во офанзивци во овој летен преоден рок, но нема намера тука да застане. Според германскиот „Скај Спортс“, лондонскиот клуб неодамна започнал преговори со Лајпциг за ангажман на Чави Симонс, кој не сака да остане во клубот следната сезона поради тоа што „биковите“ не се пласираа во Лигата на шампионите.
Истите извори тврдат дека двата клуба работат на усмен договор, а наскоро ќе следи нова рунда разговори. Германскиот тим бара најмалку 70 милиони евра, но Челси не сака да плати толку. Минатата сезона Лајпциг го плати Симонс 50 милиони евра доаѓајќи од ПСЖ, па сега сака да оствари профит од најмалку 20 милиони.
Во целата сезона (Бундеслига и Куп) тој има 11 голови и осум асистенции во 33 натпревари, но нема ефект во европските натпреварувања.
Ако не дојде до договор, постојат и други клубови кои го следат Симонс, вклучително и Арсенал, но моментално приоритет на „топчиите“ е ангажманот на Виктор Ѓокереш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













