
Челси, наводно, е заинтересиран да го врати Ромелу Лукаку на „Стемфорд Бриџ“ и може да му понуди на Интер околу 105 милиони евра за напаѓачот. Лукаку се пресели во Челси во август 2011 година, но беше позајмен во Вест Бром и Евертон, пред конечно неговиот договор да го откупат “карамелите” во јули 2014 година.
Сега, како што тврди англиски “Сан”, Роман Абрамовиќ размислува да му пружи нова шанса на Лукаку, кој одлично се снајде во Интер под водство на Антонио Конте. Белгиецот го напушти Манчестер Јунајтед и премина во Интер за наводна сума од 74 милиони евра во август 2019 година, а оттогаш има постигнато 61 погодок на 91 натпревар во дресот на „нероаѕурите“.
Тимо Вернер не успеа да убеди во својата дебитантска сезона во западен Лондон, а се чини и дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е далеку од реалните можности на “сините”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
