Маурисио Покетино сѐ уште е на кормилото на Челси, но очигледно дека раководството на лондонскиот клуб сериозно ги разгледува другите опции. Според „АС“, претставници на англискиот премиерлигаш пред извесно време отпатувале во Шпанија за да го изразат својот интерес за Мичел Санчез, кој е тренер на сензацијата во Ла Лига, Џирона.
Англискиот клуб упатил сериозна понуда до 48-годишниот специјалист.
Сепак, овие разговори се случиле пред Мичел јавно да изјави дека неговите намери се сигурно да остане барем уште една година во Џирона. Практично, тоа значи дека Мичел ја одбил можноста да го преземе Челси ова лето.
Во Шпанија се сомневаат дека можеби има друга причина зад неговото одбивање. Тоа се поврзува со теоријата дека Мичел ќе биде еден од главните кандидати за менаџерската позиција во Манчестер Сити кога Пеп Гвардиола ќе реши да го напушти клубот.
Во моментов, Шпанецот има договор со „граѓаните“ до летото 2025 година. Релацијата не е случајна, бидејќи двата клуба се во сопственост на „Сити Фудбал Груп“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













