
Сопственикот на Челси, Тод Боели, нема да брза со назначувањето на нов менаџер на тимот. Според англиските медиуми, Бруно Салтор, кој вчера беше именуван за привремен менаџер по отпуштањето на Грем Потер, ќе остане до крајот на сезоната.
Раководството на клубот е свесно дека во сегашната ситуација, Челси не може да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона. Тимот заостанува зад Манчестер Јунајтед и Њукасл дури 12 поени, а реално не се големи изгледите за триумф ниту во Лигата на шампионите, каде лондончани во четвртфиналето се соочуваат со актуелниот првак Реал Мадрид.
Поради оваа причина, Боели и неговиот тим ќе започнат многу подлабока студија за тоа кој би бил најсоодветен иден менаџер на тимот. Раководството сака да направи потег за да обезбеди менаџер кој би работел на долг рок.
Најголем фаворит за позицијата е Џулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од Баерн Минхен. Сепак, листата е обемна и ги вклучува имињата на Маурисио Покетино, Зинедин Зидан, Луис Енрике, Оливер Гласнер, Марко Силва, па дури и Жозе Мурињо, кој би можел повторно да се врати на „Стемфорд бриџ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
