
Англискиот премиерлигаш Челси доведе нов Бразилец на „Стемфорд бриџ“. „Сините“ беа меѓу фаворитите за доведување на Ендрик, но бразилската суперѕвезда сепак го избра Реал Мадрид.
Скаутите на Челси „останаа“ во Бразил – и според англиските и бразилските медиуми, тие завршиле успешна работа. 18-годишниот Андреј Сантос и Васко де Гама се договорија со Челси околу трансферот на младиот играч за врска во Лондон.
Тинејџерот беше одличен во својата прва вистинска професионална сезона во Васко де Гама. Тој забележа 36 настапи со осум постигнати гола, го посакуваа богатите Манчестер Сити и Њукасл, но Челси беше поконкретен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
