
Грем Потер замина од Челси, на клупата остана само 31 натпревар, на кои едвај и да остави позитивен ефект. Оствари 12 победи, осум нерешени и 11 порази. Овој ангажман ќе го чини клубот рекордна сума пари, а речиси и да немаше никаков ефект.
Поразот на домашен терен од Астон Вила (0-2) беше последен што Грем Потер го имаше како менаџер на „сините“.
Според „Скај Спортс“, Челси постигнал договор со Потер и нема да мора да му ја исплати целата плата за сите години, што би претставувало неверојатно скап „развод“ меѓу менаџерот и клубот. Се проценуваше дека за отказот на Потер, кој имаше плата од 12 милиони фунти годишно, требало да плати околу 50 милиони фунти.
За среќа на Челси, тоа нема да се случи, но Потер сигурно ќе добие 21,5 милиони фунти обештетување. Англиските медиуми пишуваат дека со ова секако е соборен светскиот рекорд за исплаќање на тренери кои останале без работа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
