Connect with us

Челси го сака Нагелсман, но треба да плати отштета на Баерн ако сака веднаш да го ангажира

Челси го отпушти Грeм Потер поради лошите резултати на „сините“ во Премиер – лигата. Бруно Салтор ќе биде привремен шеф на тимот, а главен фаворит за нов менаџер на лондончани е Џулијан Нагелсман, пишуваат медиумите во Англија.


35-годишниот стратег неодамна беше отпуштен од Баерн Минхен, каде што беше заменет од Томас Тухел.

Сепак, Нагелсман сѐ уште има активен договор со Баварците, кои продолжуваат да му ја исплаќаат платата. Договорот со германскиот првак е до летото 2026 година.

Челси ќе мора да плати „огромно“ обештетување на Баерн доколку сака да го назначи Нагелсман. Баерн му плати на Лајпциг 25 милиони евра за да го ангажира Нагелсман пред помалку од две години.

Тренерот има клаузула во договорот со која би можел да биде ослободен ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови