Европскиот првак Челси ја освои и светската клупска титула откако во финалната пресметка во Абу Даби, по продолженија, го совлада бразилскиот тим Палмеирас со 2-1. Тимот на Томас Тухел беше поснаодлив, го издржа притисокот и на крајот успеа да слави по голема битка.
Ромелу Лукаку го доведе Челси во водство во 55.минута, а Палмеирас израмни девет минути подоцна од пенал, откако реализираше Рафаел Веига.
Мечот отиде во продолженија, а во самиот финиш беше досуден пенал за Челси. Успешен реализатор беше Каи Хаверц за триумф од 2-1 и светска клупска титула за Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal