
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за првпат го коментираше „случајот Негреира“ и можните последици за Барселона. Европската централа веќе започна сопствена истрага за случајот, а шпанското обвинителство одамна покрена обвиненија против Каталонците.
Чеферин ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна.
„Ова е една од најсериозните ситуации што сум ги видел во фудбалот. Сепак, не можам директно да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија која се занимава со оваа работа. И второ, затоа што не сум се занимавал детално со студијата на случајот.
Сепак, доволно сум информиран да кажам дека ситуацијата е крајно сериозна.
На ниво на Ла Лига, секако, се е јасно, бидејќи според тамошните важечки прописи не може да има спортски последици за Барселона поради истечен рок на застареност. Постапките продолжуваат на ниво на обвинителство. Сепак, за УЕФА застареноста не е важна“, изјави Чеферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
