Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „Газета дело Спорт“ им одговори на сите тренери и играчи кои се жалат на премногу натпревари во сезоната. Во овој поглед најгласни беа Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.
Чефери рече дека немаат за што да се жалат и дека, за жал, тоа би требало да го прават „фабричките работници кои земаат илјада евра плата“.
„Клубовите побараа десет натпревари во Лигата на шампионите, ќе има осум, вистинската бројка. Лигите со 18 екипи би биле покорисни, но претседателите на фгедерациите не се согласуваат. Треба да разберат дека два национални купа се премногу. Клоп и Гвардиола протестираат. Лесно е секогаш да се нападнат ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна – ако играте помалку, платите се намалуваат. Ако некој треба да се жали, тоа се работниците во фабриките кои заработуваат едвај илјада евра месечно“, изјави Чеферин за „Газета дело Спорт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













