УЕФА успеа да ја „загуши“ Европската Суперлига за 48 часа. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин им порача на клубовите „одметници“ дека ќе им забрани да играат и во националните првенства. Флорентино Перез тоа го негираше, но, сепак, Суперлигата нема да се активира на почетокот на следната сезона.
Интересен одговор даде Чеферин на прашањето дека Флорентино Перез не го сака за прв човек на европскиот фудбал.
„Флорентино Перез не ме сака? Тоа е причина повеќе да останам. Тој сака претседател што него ќе го обожува и ќе му дозволи да прави се што ќе посака“, изјави Чеферин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski