Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ја прокоментира победата на неговиот тим со 1-2 против екипата на Лас Палмас во средбата од 19. коло на шпанската Ла Лига.
Пред почетокот на натпреварот, Каталонците заостануваа 10 поени зад големиот ривал Реал Мадрид, што беше поставено и како прашање до Чави, а предизвика негова иритација.
„Бевме 10 поени зад Реал Мадрид? За мене секогаш се прават негативни претпоставки, што не се прави со други тренери. Победивме, веќе нема таква разлика, па апсурдно е да се зборува за тоа, нели?“, изјави тренерот на Каталонците.
Чави сподели и зошто го замени Роберт Левандовски во 72. минута, појаснувајќи дека причината настанала од чисто тактички причини, а не поради повреда на ѕвездата на тимот.
„Левандовски беше заменет затоа што ни требаа напаѓачи кои можат да играат зад одбраната, како Витор Роке или Феран Торес“, додаде тренерот на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













