
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше критичен за настапот на тимот на натпреварот против Антверпен во Лигата на шампионите. Каталонците загубија со 3-2 во Белгија, но тоа не беше фатално и завршија како први во својата група.
„Загрижен сум бидејќи тимот не се чувствува удобно. Забележавме неколку лоши резултати и треба да се подобриме. Противникот создаде многу шанси и не можеме, а да не бидеме самокритични. И покрај сѐ, ја постигнавме целта. Да, мораме да подобриме многу работи, но добро е што одиме напред, и тоа како победници во групи“, изјави Чави.
„Можевме да направиме повеќе на натпреварот. Не одигравме доволно добро. Чувството не е пријатно, а ни недостасуваше и среќа на крајот. Секогаш е тешко во Лигата на шампионите. Го победивме Порто, најсилниот противник во групата, на гостински терен. Клубот имаше тешки неколку години, но ние се вративме во нокаут фазата што беше и наша цел. Сега сакам повторно да почнеме да прикажуваме добар фудбал и мислам дека ќе го направиме тоа“, смета тренерот на Барса.
Поранешниот играч од средниот ред на Барселона го презеде водството на тимот во 2021 година. Под негово водство Каталонците доживеаја вкупно шест порази во Лигата на шампионите, што е антирекорд за еден тренер на Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
