Connect with us

Чави: Верувам дека сум на вистински пат, а ако не сум…ќе дојде друг тренер

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, верува дека тимот има сила да направи квалитетна сезона и покрај предвремената елининација од групите во Лигата на шампионите.


Каталонците загубија од Баерн Минхен со 3-0 на домашен терен и пропуштија да се пласираат во нокаут фазата од ЛШ втора година и покрај спектакуларните засилуања кои дојдоа ова лето.

„Ги анализиравме грешките и сега е време да свртиме нова страница. Ни претстои натпревар против Валенсија и добро време е да се реваншираме за испаѓањето во Лигата на шампионите. Сè уште сум оптимист. Тоа беше удар за нас, но можеме да имаме одлична сезона. Остануваат многу трофеи. Во Ла Лига сме во добра позиција. Ова е уште еден тест за да покажеме реакција“, прокоментира Чави.

Неуспехот во Лигата на шампионите сигурно ќе го зголеми притисокот врз тренерската позиција, но тој потврди дека разговарал со претседателот Хоан Лапорта и ја има неговата поддршка.

„Со претседателот разговараме постојано, практично на секој натпревар. Се гледаме по натпреварите. Анализата е јасна, има работи кои не зависат од нас, а ние мора да ги подобриме оние кои зависат од нас. Сакам да верувам дека ние сме на вистинскиот пат, но ако не го подигнеме нивото и не освоиме трофеи, ќе дојде друг тренер“, изјави Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови