Connect with us

Чави се врати во Барселона: Ова е најголемиот клуб во светот и имаме моќен тим

Чави Хернандез и официјално се врати на „Камп Ноу“, го пречекаа преку 10.000 фанови кои дојдоа на неговата промоција, а тој потпиша договор на теренот, таму каде што и царуваше пред неполна деценија. Сега ќе има нова задача, да го реструктуира тимот на Барселона и повторно да го врати на славните патеки.

Оваа сезона, по заминувањето на Лионел Меси, Барселона е далеку од врвот во Ла Лига, а тоа го чинеше отказ Роналд Куман.

„Ова е најголемиот клуб во светот, ова е мојот дом и пресреќен сум дека се вратив на „Камп Ноу“. Ја чувствувам поддршката и верувам дека многу брзо ќе ја вратиме овде магијата. Затоа што Барселона има моќен тим, со одлични фудбалери, Тер Штеген, Пике, Бускетс, Депај и многу други“, изјави Чави по потпишувањето на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови