 
																												
														
														
													Барселона го декласира Реал Мадрид во Ел Класико со 0-4, а резултатот од дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ можеше да биде и уште поубедлив во корист на каталонскиот тим доколку имаа подобра реализација во нападот. Тренерот Чави Хернандез по големиот триумф не пропушти да го „спушти“ големиот ривал.
„Можевме да постигнеме уште повеќе голови. Не очекувавме дека ќе бидеме вака супериорни на нивниот стадион. Имаа цела недела одмор, а ние пристигнавме од Турција во петокот. Одигравме спектакуларен натпревар, многу сум задоволен. Бевме многу подобри од Реал Мадрид, резултатот го покажува тоа. Си одиме дома со насмевка од уво до уво“, изјави Чави.
Тој упати порака и за фановите на Барселона.
„Навивачите нека уживаат во оваа победа бидејќи во последно време немавме многу причини да бидеме среќни на Ел Класико. Ако играме вака во иднина, тогаш можеме да се натпреваруваме со сите“, дополни тренерот на каталонскиот гигант.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														