
Барселона вечерва гостува кај Баерн Минхен во шестото коло од Лигата на шампионите, а овој натпревар носи многу поголема тежина за каталонскиот тим.
Баварците веќе го обезбедија првото место и пласманот во осминафиналето од елитното европско натпреварување, додека на Барса и е потребна победа вечерва за да биде втора на табелата бидејќи има два бода повеќе од Бенфика која е на третото место. Португалскиот тим ќе биде домаќин на Киев Динамо.
„Се е во наши раце. Ќе дадеме се од себе, а по натпреварот ќе видиме за што тоа ќе биде доволно. Мислам дека не ни треба чудо. Тоа е само уште еден натпревар во кој можеме да го победиме ривалот. Мораме да бидеме трпеливи бидејќи имаме противник кој беше подобар од нас на претходните натпревари“, изјави Чави.
Во случај да не забележи триумф, Барселона ќе зависи од исходот на натпреварот меѓу Бенфика и Динамо Киев.
„Мораме да се потпреме на себе, а не на другите. Сакам моите играчи да заборават на се, да заборават на притисокот. Јас сум тука да им помогнам. Историјата вели дека никогаш не сме победиле во Минхен и можеби е време да го промениме тоа“, изјави Чави.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Барселона на „Алијанц арена“ се игра вечерва од 21 часот. Програмата во ЛШ започнува од 18.45 часот со мечевите Јувентус – Малме и Зенит – Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
