
Легендарниот фудбалски судија Џунејт Чакир планира да стави крај на кариерата. Ова го соопшти претседателот на Турската фудбалска федерација, Мехмет Бујукеши, за локалните медиуми.
45-годишниот Чакир доби понуди да суди во странство, но е решен да заврши кариерата во својата татковина.
Тој планира во иднина да се фокусира на обука на млади судии, а веќе работи како предавач на семинари. Турската федерација ги цени неговите заслуги и ќе се обиде да му обезбеди проштален натпревар за паметење.
Чакир кариерата ја започна во 1997 година во третата турска лига. Во 2003 година стана судија во европските натпреварувања, а три години подоцна го доби знакот на ФИФА. Беше учесник и на две светски првенства.
Џунејт Чакир последен пат судеше на натпреварот меѓу Лудогорец и Динамо Загреб во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите на 2 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal