
Баер Леверкузен ќе се обиде да го надмине разочарувањето од Лигата на шампионите и да ги задржи шансите за титулата во Бундес-лигата со победа во сабота против Вердер.
Тимот од Леверкузен во средата загуби со 0-3 од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а сега го очекува нов предизвик против Вердер викендов.
„Аптекарите“ заостануваат осум бода зад лидерот Баерн во Бундеслигата и не смеат да си дозволат нови киксови доколку сакаат да останат во трката за титулата.
„Ни треба голем напор, голем пресврт, и ако имаме шанса, ќе се бориме за неа. Атмосферата денес е подобра од вчера. Разговаравме за сè, мора да бидеме професионални и да се фокусираме на следниот натпревар. Најдобриот начин да се подготвиме за добар меч е да имаме добро чувство. Ги сфаќаме сите натпреварувања сериозно, а сега Бундес-лигата е следниот предизвик во календарот. Сè уште сме во позиција во која многу работи може да се случат, ништо не е завршено“, изјави тренерот Чаби Алонсо.
Минатата сезона Баер Леверкузен ја освои својата прва титула во Бундес-лигата токму со убедлива победа од 6-0 против Вердер Бремен. Во првиот меѓусебен дуел оваа сезона, одигран во октомври во Бремен, Вердер постигна израмнувачки гол во 90. минута за конечни 2-2.
„Не бевме задоволни по последниот меч во Бремен. Утре ни треба повеќе енергија“, порача Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
