
Чаби Алонсо, кој во петокот објави дека ќе го напушти Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната, ќе ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид веднаш за Светското клупско првенство, според информации на шпанскиот весник „Марка“. Двете страни се договориле дека Алонсо ќе започне со работа веднаш по завршувањето на тековната сезона и нема да има привремено именување на Сантијаго Солари, како што се шпекулираше претходно.
Причината за брзото именување на Алонсо е тоа што во Реал Мадрид гледаат на Светското клупско првенство како на многу престижен турнир, особено по неуспешната сезона во која клубот нема да освои ниту еден трофеј. Покрај тоа, учеството во турнирот им дава можност на клубот да заработи 150 милиони евра, што е од големо значење.
Според „Марка“, одлуката Алонсо да го преземе Реал Мадрид била донесена уште минатата недела, а клубот не му оставил многу опции на тренерот, особено со оглед на згуснатиот календар, кој не предвидува пауза меѓу крајот на сезоната и започнувањето на подготовките за Светското клупско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал
