
Манчестер Јунајтед минува низ најголемата криза оваа сезона. Поразот од Манчестер Сити повторно ја оживеа приказната дека семејството Глејзер наскоро би можело да му се заблагодари на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Норвешкиот стратег ја загубил соблекувалната до тој степен што играчите почнале да протестираат против него. Некои од играчите се незадоволни, а еден од нив е португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш кој минатата година беше главен играч на Јунајтед.
Португалецот смета дека Солскјер не е доволно тактички поткован за да го води Манчестер Јунајтед, а медиумите тврдат дека слично размислува и Кристијано Роналдо. Не е среќен што неговите голови треба само да го спасат тимот од пораз на повеќето натпревари. И тоа не е се, затоа шѕо чистата на незадоволни не завршува само со двајцата Португалци.
Многу фудбалери на Јунајтед се лути поради начинот на кој Солскјер се однесува кон холандскиот играч за врска Дони ван де Бек. Поранешниот играч на Ајакс не добива шанса во Јунајтед, а играчите чувствуваат дека Норвежанецот неправедно го мами затоа што никогаш не му дал шанса да покаже колку може.
На многумина, наводно, не им се допаѓа ни начинот на кој Солскјаер се однесува кон капитенот Хари Мегваер. Англискиот стопер не игра најдобро во последните неколку натпревари, но неговата позиција во тимот никогаш не била доведена во прашање.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
