Connect with us

Букајо Сака ќе потпише нов петгодишен договор со Арсенал

Крилниот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, е блиску до потпишување нов долгорочен договор со клубот до 2030 година.

Според информациите, двете страни се уверени дека ќе ja продолжат соработката, иако преговорите сè уште не се целосно завршени. Раководството на „топчиите“ очекува Сака да стави потпис на новиот договор до крајот на годинава.

Тековниот договор на 24-годишниот англиски репрезентативец трае до летото 2027 година.
Во оваа сезона, Сака има одиграно 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола. Неговата пазарна вредност изнесува 140 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови