Младен Крстајиќ веќе не е селектор на Бугарија. Српскиот стратег доби отказ по слабите резултати во квалификациите за Европското првенство, во кои освои само два бода во шест натпревари. Бугарската фудбалска репрезентација во моментов е во серија од девет средби без победа, а последен противник што го добија беше Кипар во пријателски меч во ноември минатата година.
Овој потег не е изненадување со оглед дека минатата недела беше изложен на жестоки критики од бугарските медиуми бидејќи зборуваше многу негативно за тамошниот фудбал.
Крстајиќ ја презеде Бугарија во јули 2022 година. Претходно беше селектор на Србија која ја водеше на СП 2018 година. Тој раководеше со ТСЦ од Бачка Топола и со Макаби Тел Авив.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













